За месец април, Општина Гевгелија има издадено 8 дозволи за градење
Oфицијалните податоци
на Државниот завод за статистика за месец април, 2020 година, покажуваат дека во Југоисточниот регион се издадени 18 дозволи за градење.
Најмногу има издадено општина Гевгелија, вкупно 8, од нив 4 дозволи се издадени на физички лица и 4 на правни лица. Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 124.222 илјади денари.
На територија на Република Северна Македонија се издадени вкупно 173 одобренија за градење. Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 3.657.228 илјади денари. Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 92 се наменети за објекти од високоградба, 18 за објекти од нискоградба и 63 за објекти за реконструкција. Од вкупно 173 објекти, на 93 како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 80 објекти инвеститори се деловни субјекти.
Во извештајниот период е предвидена изградба на 835 станa, со вкупна корисна површина од 62.697 метри квадратни. Што се однесува до регионите, најмногу дозволи за градење се издадени во Скопскиот регион, 36, а најмалку во Источниот, 15.