Според препораките од МОН, доделувањето свидетелства во септември
Според препораките од
страна на Министерството за образование и наука, подигнувањето на свидетелствата за завршено одделение (од 1 до 8 одд. и од 1 до 3 година), разгледувајќи ја моменталната состојба со пандемијата КОВИД-19, треба да биде во септември, во насока на заштитата на здравјето на учениците, вработените во училиштата и поширокото население. Оние ученици кои имаат потреба од свидетелството поради префрлање во друго училиште, преселба итн., треба да се јават во училишните служби за да им го издадат.
Гевгелиските училишта информираат дека за датумот на доделувањето свидетелства учениците ќе бидат известени преку своите класни раководители и објава на официјалните страни на училиштата на социјалните мрежи.