Заврши комплетната реконструкција на „Индустриска“
Со асфалтирањето
заврши целосната реконструкција на најфреквентата улица „Индустриска“, крај која се наоѓаат повеќето стопански објекти. Реконструкцијата започна во месец мај со изградбата на атмосферска канализација за прибирање на атмосферските води. Со изградбата на канализацијата, ќе се намали количината на дождовна вода која при обилните врнежи се слеваше на истоимената улица.
Исто така, коловозот на оваа улица е проширен од 5 на 7 метра, а тротоарот од јужната страна е уреден со широчина од 2 метра. Оваа улица доби нов асфалт од крстосницата со булеварот „Гевгелија“, се до складиштето на ШС „Кожуф“. Со целосната реконструкција и проширување, улицата „Индустриска“ која досега беше сообраќајно најоптоварена, им се овозможува на сите учесници во сообраќајот во оваа стопанска зона полесно движење.