Поголема контрола и едукација против раширеноста на наркотици меѓу младите
54 лица, од кои 6 жени и 48 мажи
со старосна структура од 30 до 45 години, вклучувајќи ги и затворениците од КПУ Затвор- Гевгелија се на третман од зависност од опојни дроги, информираше дирекорот на ЈЗУ ОБ со проширена дејност- Гевгелија и координаторот на Центарот за превенција и третман од зависност од опојни дроги, д-р Митко Крџев за состојбата со употребата на наркотици и психотропни супстанци кај младите во општина Гевгелија на последната седница на Советот на Општина Гевгелија.
Третманот на овие лица е со метадон и бупренорфин, а исто така им се пружи и психолошка и социјална поддршка на лицата- зависници од хероин. Години наназад, бројката на лицата на кои им се пружи ваков третман, варира помеѓу 40 и 80 корисника
54 се регистрирани лица кои се на лекување во Центарот за превенција и третман од зависност од опојни други.
- Состојбата со употребата на наркотици и психотропни супстанции кај младите во нашата општина е сигурно многу повисока од веќе регистрираните корисници во Центарот за зависности од опијати, вели Крџев. Meѓутоа, нерелевантните податоци би биле само шпекулативна бројка, далеку од реалната, па за приближно одредување на распространетоста за консумирање на наркотици и психотропни супстанци потребна е координација на повеќе институции, истакна Крџев.
Локалниот совет за превенција на општина Гевгелија, на двапати, во декември 2019 година и во февруари, 2020 година, расправаше и укажа на сериозноста на раширеноста и лесната достапност на наркотични средства и алкохол кај малолетните лица во општина Гевгелија. По расправата, Локалниот совет за превенција побара зајакната контрола на надлежните органи и институции поради раширеноста на појавата на користење на наркотични средства кај младите. Истовремено, ги прифати предложените мерки од страна на работната група за сузбивање на ваквите појави.
Локалниот совет за превенција побара засилена контрола на надлежните органи и служби, посебно, во периодот на пристигање и заминување на училишните автобуси на паркингот кај Спортската сала „26 Април“, каде што е забележана појава да се собираат зависници и дилери на дрога.
Побарана е и зајакната контрола на надлежните органи и институции поради раширеноста на појавата на продажбата на алкохол на малолетници во кафичите и во продавниците, како и нивен престој по 24 часот.
Исто така, работната група предложи организирање на заедничка контрола преку викендот на мобилни екипи составени од претставници на ОВР- Гевгелија, Меѓуопштински центар за социјални работи, училиштата и родителите.
Од страна на ЛСП беше побарано посебно внимание да се посвети на едукацијата поради што од страна на работната група изработена е пограма за обуки и работилници за учениците, посебно за прва и втора година во СОУ„Јосиф Јосифовски“, за штетноста на дрогата, алкохолот и другите пороци.
Меѓутоа, поради пандемијата од Корона вирусот и вонредната состојба овие активности беа одложени, односно нивната реализација е пролонгирана за почетокот на новата учебна година.