Во тек е реконструкцијата на улицата „7 Ноември“ во Гевгелија
Во тек е реконструкцијата
на улицата „7 Ноември“, мала, но значајна сообраќајна артерија во центарот на градот, од кај Амамот до центарот на градот, односно до крстосницата и паркингот пред Основниот суд. Изведбените работи на оваа улица започнаа со гребење на улицата, а ќе се постави асфалтен слој на целата коловозна лента почнувајќи од Амамот до Основниот суд бидејќи овој дел од улицата е најоштетен. Исто така, ќе биде целосно саниран и приодот на паркинг-просторот пред Стопанска банка, како и сите други оштетувања.
Поради тоа, оваа главна градска улица е затворена за сообраќај, а сите возила кои минуваат низ центарот на градот се пренасочуваат кон околните улици. Затоа, и се замолуваат возачите и сите учесници во градот кои ќе се упатат во центарот на градот да ги почитуваат сообраќајните знаци. Бидејќи, улицата „7 Ноември“ е затворена за сообраќај кај Амамот, како и на крстосницата со улицата „Маршал Тито“.