Нов асфалт на „Илинденска“ во Давидово
Во завршна фаза е
и асфалтирањето на улицата „Илинденска“ во населеното место Давидово. Оваа улица на самиот центар во Давидово која води до училиштето, денеска го добива новиот изглед. По извршеното гребење на оваа улица, од страна на радовишката фирма „Ве груп“, која го доби и го реализира тендерот за реконструкција на улиците во општината, поставен е нов асфалт на улицата „Илинденска“.
Минатата година, во Давидово, во летната акција за подобрување на локалната патна инфраструктура, беше асфалтиран патот долг 767 метри од Давидово до манастирот „Свети Илија“. Вредноста на проектот изнесуваше 10,7 милиони денари што ги обезбеди Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој.
- Изминативе два месеци, наспроти пандемијата, во Општина Гевгелија се реализирани повеќе градежни активности за реконструкција и ревитализација на локалната патна инфраструктура. Во Гевгелија бетонирани се: еден крак на улицата долж одводниот канал „Рауљот“, три крака од улицата „Деко Ковачев“, крак од „Серменинска“ и крак од „Ѓорѓи Сугаре“. Извршена е целосна реконструкција на улицата „Индустриска“, асфалтирани се двата паркинга на улицата „Илинденска“, а во тек е уредувањето на тротоарот што го делат двете улици „Деко Ковачев“ и „Сава Михајлов“ и ревитализацијата на дел од улицата „7 Ноември“, во центарот на Гевгелија. Во Прдејци бетониран е кракот од улицата „Ванчо Баламов“ и асфалтирана на улицата „Вардарска“. Во Петрово се бетонираше крак од улицата која води до црквата „Св. Спас“, а започна и санацијата на потпорниот ѕид познат како „Шкарпата“ кој се наоѓа на самиот плоштад, во центарот во населеното место Миравци, изјави градоначалникот на Општина Гевгелија, Сашо Поцков за „Гевгелиски магазин“.