Јавна презентација и јавна анкета за Детален урбанистички план за Блок 12, ОГ
Општина Гевгелија организира
јавна презентација и јавна анкета за Детален урбанистички план за блок 12, општина Гевгелија, плански период 2019-2024. Јавната презентација со стручно презентирање на Деталниот урбанистички план за блок 12, општина Гевгелија, ќе се одржи во Големата сала на Народниот театар во Гевгелија, 10.07.2020 година (петок), со почеток во 12 часот, согласно мерките за заштита од Корона вирусот. Деталниот урбанистички план ќе биде изложен во просториите на Одделението за урбанизам, градежништво, архитектура и заштита на животната средина на Општина Гевгелија и јавната анкета ќе трае 10 работни дена, односно од 10.07.2020 до 27.07.2020 година, секој работен ден од 08 до 16 часот.
Деталниот урбанистички план за блок 12, општина Гевгелија, плански период 2019-2024 зафаќа површина од 115,282 ха. Границата на опфатот е: од север е дефинирана по осовина на регулирно речно корито на река „Рауљ“ и продолжува по осовина на водотекот на коритото на реката Вардар, каде што во целост се совпаѓа со границата на планскиот опфат на ГУП Гевгелија 2011-2021; oд југ границата е дефинирана по осовината на водотекот на Сува Река; oд запад границата се движи по осовина на постојните сообраќајни улици „Железничка“ и ул. „Борис Кидриќ“ и пресечна точка се спојува со осовина на магистрална сообраќајница булевар „Гевгелија“. Во планскиот опфат се улиците: „Вардарски Рид“, „Железничка“, „Борис Кидриќ“ како и неколку постојни асфалтирани улици и земјени патеки.
Во спомнатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица од конкретното подрачје опфатено со планот можат да доставуваат писмени заблешки, предлози и мислења на анкетните листови кои можат да ги подигнат во Одделението за урбанизам, градежништво, архитектура и заштита на животната средина при Општина Гевгелија или преку информацискиот систем е-урбанизам