Aвтоматска мониторинг-станица за мерење на квалитетот на воздухот во Гевгелија
Во Гевгелија ќе се постави
автоматска мониторинг-станица за мерење на квалитетот на амбиентниот воздух на просторот кај ЈОУДГ „Сончогледи“- Гевгелија.
За поставување на автоматска мониторинг-станица со која ќе се мери квалитетот на амбиентниот воздух во општина Гевгелија, од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање беше побарано Општина Гевгелија да достави предлози за одредување на микролокација.
Секторот за урбанизам достави 4 различни микролокации и тоа: во просторот каде што се наоѓа спортското игралиште за голем фудбал на ФК „Кожув“, во просторот на Спортски комплекс, во непосредна близина на ЈОУДГ „Сончогледи“ и во дворот на СОУ „Јосиф Јосифовски“.
По разгледувањето и извршениот увид на посочените локации, од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање заедно со претставниците од Секторот за урбанизам, а во претходна консултација со претставниците на Управата за хидрометеоролошки работи, се констатираше дека најпогодна локација за поставување на мониторинг-станицата е просторот кај ЈОУДГ „Сончогледи“ (на самиот тротоар помеѓу надворешната ограда од Градинката и улицата „Ристо Јанев“.
Со поставувањето на мониторинг-станицата, загадувањето на амбиентниот воздух би се мониторирал од аспект на загадувањето од согорувањето на горивата за затоплување на резиденцијални и административни установи и мал дел од сообраќајот.