„7 Ноември“- Гевгелија обележана со хоризонтална сообраќајна сигнализација
Улицата „7 Ноември“
во централното подрачје на градот, од Амамот до Основниот суд, којашто беше асфалтирана во изминатиов период, е обележана со хоризонтална сообраќајна сигнализација.
Машинското обележување на „7 Ноември“ со хоризонтална сообраќајна сигнализација го изврши струмичката фирма „МС СТОП ИНЖИНЕРИНГ“, со која Општина Гевгелија склучи договор за јавна набавка. Обележани се такси-стојалиштата, пешачкиот премин, паркингот наменет за инвалиди пред тротоарот на самиот Театар и обновен е паркингот пред „Стопанска банка“.
Изведбените работи на оваа улица започнаа со гребење на улицата, а се постави асфалтен слој на целата коловозна лента почнувајќи од Амамот до Основниот суд бидејќи овој дел од улицата беше најоштетен. Исто така, целосно се санираше и приодот на паркинг-просторот пред Стопанска банка, како и сите други оштетувања.