Акција за обнова на зелените јавни површини и поставување нова урбана опрема
Во општина Гевгелија
и населените места, во тек е акцијата за хортикултурно уредуваење и обновување на зелените јавни површини и паркови и поставување нова урбана опрема.
Така, на неколку локации во градот и населените места се поставени нови клупи за седење, корпи за отпадоци и фонтани со вода за пиење. Извршено е косење на нараснатата трева, засадени се нови цвеќиња и украсни џбунести растенија.
Акцијата ја спроведува ЈПКД „Комуналец“- Гевгелија, во соработка со Општина Гевгелија, согласно Програмата за работни активности на Јавното претпријатие за 2020 година.
Во изминатиот период, на неколку места на овие паркови и јавни површини беа поставени нови детски играчки, а веќе постоечките беа санирани и обновени.