Советот на Општина Гевгелија на 30 јули ќе ја одржи својата 47 седница
Советот на Општина Гевгелија,
на 30.07.2020 година (четврток), ќе ја одржи својата 47 седница, на која ќе расправа за Кварталниот извештај за остварувањето на Буџетот на Општина Гевгелија во првото полугодие од 2020 година. Покрај ова, на седницата која ќе се одржи во Големата сала на Народниот театар во Гевгелија, со почеток во 11 часот, ќе се работи по следниот дневен ред:
1. Предлог-Заклучок за усвојување на Кварталниот извештај на Буџетот на Општина Гевгелија,
2. Предлог-Програма за измена и дополнување на Програмата за активностите на општина Гевгелија во областа на ЛЕР и прекуграничната соработка за 2020 година.
3. Предлог-Одлука за приоритет на проект за изработка на техничка документација за „Изработка на Инфраструктурен и Основен проект за сообраќајница од крајот на ул.„Борис Кидрич”, до граница со Р. Грција, од км 0+000.00 до км 1+211.44”, општина Гевгелија,
4. Предлог-Одлука за приоритет на проект за изработка на техничка документација за „Секундарна мрежа за гасификација на Гевгелија”, општина Гевгелија,
5. Информација од ЈПКД „Комуналец“- Гевгелија за состојбата со водоводните системи во населените места Ново Конско и Конско,
6. Предлог-Одлука за превземање на водоводот од Месната заедница на с.Ново Конско и отстапување на ЈПКД „Комуналец“- Гевгелија,
7. Предлог-Одлука за измена на трасата на линиски инфраструктурен објект за дополнително сообраќајно поврзување на град Гевгелија со граничен премин „Богородица“,
8. Информација за состојбата со новото Градско пазариште во Гевгелија,
9. Информација за текот на постапката за отворање на Детската градинка во населеното место Прдејци,
10. Предлог-Заклучок за усвојување на Годишниот извештај за работењето на Центарот за развој на југоисточниот плански регион за 2019 година,
11. Предлог-Одлука за прифаќање на Иницијативата за воспоставување меѓуопштинска соработка за решавање на проблемот со бездомните животни,
12.Предлог-Решение за давање согласност на Годишниот план за вработување на СОУ „Јосиф Јосифовски“- Гевгелија за 2021 година,
13. Предлог-Решение за давање согласност на Годишниот план за вработување на ООУ „Владо Кантарџиев“- Гевгелија за 2021 година,
14. Предлог-Решение за давање согласност на Годишниот план за вработување на ООУ „Крсте Мисирков“- Гевгелија за 2021 година,
15. Предлог-Решение за давање согласност на Годишниот план за вработување на ООУ “Ристо Шуклев“- Негорци за 2021 година,
16. Предлог-Решение за давање согласност на Годишниот план за вработување на ООУ „Климент Охридски“- Миравци за 2021 година,
17. Предлог-Решение за давање согласност на Годишниот план за вработување на ООМУ „Васо Карајанов“- Гевгелија за 2021 година,
18. Предлог-Решение за давање согласност на Годишниот план за вработување на ЈОУ Дом на култура „Македонија“- Гевгелија за 2021 година,
19. Предлог-Решение за давање согласност на Годишниот план за вработување на ЈОУ Библиотека „Гоце Делчев“- Гевгелија за 2021 година,
20. Предлог-Заклучок за усвојување на Полугодишниот извештај за безбедноста во сообраќајот на патиштата на подрачјето на ПС од општа надлежност- Гевгелија за 2020 година,
21. Информација за состојбата со мигрантската криза од 01.01.2020 до 30.06.2020 година, со акционен план за превенција и справување со влез и транзитирање на мигранти низ територијата на РСМ,
22. Информација за работењето на Регионалната занаетчиска комора- Гевгелија за периодот од 2019 година до 15.06.2020 година.