Уште три дена до крајниот рок за пријавување на земјоделците за субвенционирање
Во тек е пријавувањето
на земјоделските производители за субвенционирање, за 2020 година. Пријавувањето ќе трае до 31 јули, 2020 година.
Од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство- ПЕ Гевгелија апелираат до земјоделците дека при поднесувањето на барањата за субвенции треба да ги почитуваат мерките за спречување на ширењето на Корона вирусот и мерките за носење заштитна опрема (маска, марама, шал и ракавици).