До изградбата на Прифатилиштето за бездомни животни во Валандово, ќе функционира Шелтер-центарот во Струмица
На последната видео-конференција
на Советот за развој на Југоисточниот плански регион, во чија работа учествуваше и градоначалникот на oпштина Гевгелија, Сашо Поцков, беше договорено да се забрзаат активностите околу формирањето на Регионалното јавно претпријатие за управување на прифатилиштето за бездомни животни во Југоисточниот плански регион. Засега, со еден шелтер-центар, до отворање на вториот во Гевгелиско-Валандовскиот микро-регионален центар, каде што во тек е постапката околу подготовките за изградба на Регионалниот центар за бездомни животни во Валандово.
Советот побара сите Совети на десетте општини во ЈИПР да донесат одлуки за прифаќање на иницијативата за воспоставување на меѓуопштионска соработка за решавање на проблемот со бездомни животни. Заради интензивирање на активностите формирана е заедничка комисија за подготовка на предлог-актите за воспоставувањето на меѓуопштинската соработка и формирањето на Јавното претпријатие. И тоа, согласно веќе донесената одлука од страна на Советот на ЈИПР за формирање на Регионално јавно претпријатие за управување на прифатилиштето за бездомни животни во ЈИПР со еден шелтер до отворање на вториот шелтер центар во Гевгелиско-Валандовскиот микро-регион.