Советот на Општина Гевгелија ќе заседава на 27 август
Советот на Општина Гевгелија,
на 27 август, 2020 година (четврток), ќе ја одржи својата 48 седница, на која ќе го верификува мандатот на новиот член на Советот и ќе расправа за утврдување на цените за снабдување со вода за пиење и собирање и одведување урбани отпадни води, донесување на Конечни Предлог-Детални урбанистички планови и извештаи и годишни програми за работата на училиштата. Покрај ова, на седницата која ќе се одржи во Големата сала на Народниот театар во Гевгелија, со почеток во 11 часот, со почитување на протоколите за заштита и спречување на ширењето на Корона вирусот, ќе се работи по следниот дневен ред:
- Предлог-Решение за констатирање престанок на мандат на член на Советот на Општина Гевгелија,
- Предлог-Решение за верификација на мандат на член на Советот на О. Гевгелија,
- Предлог-Одлука за давање согласност на Измените и дополнувањата на Годишниот план за вработување во Општина Гевгелија за 2020 година,
- Предлог-Одлука за давање согласност на Годишниот план за вработување во Општина Гевгелија за 2021 година,
- Информација за отворањето на Регионалниот КОВИД центар во Гевгелија,
- Предлог-Одлука за давање во закуп на недвижна ствар – објект во сопственост на Општина Гевгелија,
- Предлог-Одлука за донесување на Конечен Предлог-Детален урбанистички план за дел од блок 7 (7.5), општина Гевгелија, плански период 2019-2024 година,
- Предлог-Одлука за донесување на Конечен Предлог- урбанистички план за село Моин- Општина Гевгелија, плански период 2017-2027,
- Предлог-Одлука за донесување на Конечен Предлог- урбанистички план за село Милетково- Општина Гевгелија, плански период 2017-2027,
- Предлог-Решение за усвојување на Одлуката за ослободување на родителите од плаќање партиципација (режиски трошоци) за месеците јуни-август 2020 година,
- Предлог-Решение за давање согласност на Одлуката за распоредување на нето-добивката на ЈПКД „Комуналец“- Гевгелија за 2019 година,
- Предлог-Решение за давање согласност на финансискиот извештај на ЈПКД „Комуналец“- Гевгелија за периодот 01.01.2020 г. – 30.06.2020 година, со посебен осврт за периодот од 01.04.2020 г. – 30.06.2020 година,
- Предлог-Решение за давање согласност на Годишниот план за вработување на ЈПКД „Комуналец“- Гевгелија за 2021 година,
- Предлог-Решение за давање согласност на Одлуката за утврдување на цена за снабдување со вода за пиење на ЈПКД „Комуналец“- Гевгелија за 2021-2023 година,
- Предлог-Решение за давање согласност на Одлуката за утврдување на цена за собирање и одведување урбани отпадни води на ЈПКД „Комуналец“-Гевгелија за 2021-2023 година,
- Предлог-Решение за давање согласност на Одлуката за утврдување на цена за прочистување на отпадни води на ЈПКД „Комуналец“- Гевгелија за 2021-2023 година,
- Предлог-Решение за давање согласност на Ценовникот за услуги на ЈПКД „Комуналец“- Гевгелија,
- Предлог-Решение за усвојување на Извештајот за работата на ООУ „Владо Кантарџиев“- Гевгелија за учебната 2019/2020 година,
- Предлог-Решение за усвојување на Годишната програма за работа на ООУ „Владо Кантарџиев“- Гевгелија за учебната 2020/2021 година,
- Предлог-Решение за усвојување на Извештајот за работата на ООУ „Крсте Мисирков“- Гевгелија за учебната 2019/2020 година,
- Предлог-Решение за усвојување на Годишната програма за работа на ООУ „Крсте Мисирков“- Гевгелија за учебната 2020/2021 година,
- Предлог-Решение за усвојување на Извештајот за работата на ООУ „Ристо Шуклев“- Негорци за учебната 2019/2020 година,
- Предлог-Решение за усвојување на Годишната Програма за работа на ООУ „Ристо Шуклев“- Негорци за учебната 2020/2021 година,
- Предлог-Решение за усвојување на Извештајот за работата на ООУ „Климент Охридски“- Миравци за учебната 2019/2020 година,
- Предлог-Решение за усвојување на Годишната Програма за работа на ООУ „Климент Охридски“- Миравци за учебната 2020/2021 година,
- Предлог-Решение за усвојување на Извештајот за работата на ООМУ „Васо Карајанов“- Гевгелија за учебната 2019/2020 година,
- Предлог-Решение за усвојување на Годишната Програма за работа на ООМУ „Васо Карајанов“- Гевгелија за учебната 2020/2021 година.
- Информација за работењето на Регионалната занаетчиска комора-Гевгелија за периодот од 2019 година до 15.06.2020 година.