Анета Стамкова- нов член на Советот на Општина Гевгелија
Советот на Општина Гевгелија
на денешната 48 седница го верификува мандатот на Анета Стамкова од листата на ВМРО-ДПМНЕ за нов член на Општинскиот совет. До верификацијата на новиот мандат дојде по оставката на Ангелинка Петкова, која на последните парламентарни избори беше избрана за пратеник во Републичкото собрание. Советот даде согласност на измените и дополнувањата на Годишниот план за вработување во Општина Гевгелија за 2020 година, како и на Годишниот план за вработување во Општина Гевгелија за 2021 година.
Членовите на Советот на Општина Гевгелија беа информирани за отворањето на Регионалниот КОВИД-центар во Гевгелија, а донесоа и одлука за давање во закуп на дотраениот Општински објект во Моин на користење на Општинското здружение на пензионери. Советниците расправаа и за неколку урбанистички планови, поточно, донесени се урбанистичките планови за дел од блок 7 (7.5) во Гевгелија, како и за населените места Моин и Милетково.
Советот ја усвои одлуката на УО на ЈОУДГ „Детска радост" за ослободување на родителите од плаќање партиципација за месеците јуни, јули и август 2020 година. Исто така, на денешната седница Советот на општината расправаше и по пакет материјалите од работењето на ЈПКД „Комуналец“. И тоа, финансискиот извештај на јавното комунално претпријатие во првото полугодите, распределбата на нето добивката во 2019 година, како и на Годишниот план за вработување во 2021 година. На дневен ред се наоѓаат и Решенијата за давање согласност на Одлуката за утврдување на цена за снабдување со вода за пиење на ЈПКД „Комуналец″- Гевгелија за 2021-2023 година, на Одлуката за утврдување на цена за собирање и одведување урбани отпадни води, на Одлуката за утврдување на цена за прочистување на отпадни води, како и на Ценовникот за услуги на ЈПКД „Комуналец″- Гевгелија,
Советот на Општина Гевгелија на својата 48 седница која се одржа во Малата сала на Народниот театар, согласно Протоколот за организирање на работни настани, расправаше и по извештаите и програмите за работа на образовните институции во општината.