Советот на Општина Гевгелија ќе ја одржи својата 50 седница на 30 септември
Советот на Општина Гевгелија, на 30 септември, 2020 година,
ќе ја одржи својата 50 седница, на која ќе расправа за Предлог-Одлуката за давање на управување и користење на фекален колектор со прочистителна станица за отпадни води во с. Моин на ЈПКД „Комуналец“- Гевгелија. Исто така, на седницата ќе се разгледуваат: Предлог-Одлуката за давање под закуп за користење и стопанисување со спортски објект- тениски игралишта во сопственост на Општина Гевгелија, Годишните програми за работата на СОУ „Јосиф Јосифовски“ и ЈОУДГ „Детска радост“, дополнителниот Годишен план за вработување на ЈОУ Дом на култура „Македонија“- Гевгелија и по неколку предлози за урбанистички планови.
Седницата на Советот ќе се одржи во Големата сала на Народниот театар во Гевгелија, со почеток во 11 часот, со почитување на протоколите за заштита и спречување на ширењето на Корона вирусот, а членовите на Советот ќе работат по следниот дневен ред:
1. Предлог-Решение за разрешување член на Комисијата за статут и прописи на Советот на О. Гевгелија
2. Предлог-Решение за избор на член во Комисијата за статут и прописи на Советот на О. Гевгелијa,
3. Предлог-Решение за разрешување член на Комисијата за здравствена и социјална заштита и заштита на децата на Советот на О. Гевгелија,
4. Предлог-Решение за избор на член во Комисијата за здравствена и социјална заштита и заштита на децата на Советот на О. Гевгелија,
5. Предлог-Одлука за измена на Одлуката за делегирање вршење на работите на одржување и давање на користење на спортски објекти - сопственост на Општина Гевгелија,
6. Предлог-Одлука за давање под закуп за користење и стопанисување со спортски објект - тениски игралишта во сопственост на Општина Гевгелија,
7. Предлог-Решение за давање согласност на дополнителниот Годишен план за вработување во ЈОУ Дом на култура „Македонија“ - Гевгелија за 2021 година,
8. Предлог-Решение за усвојување на Годишниот извештај за работата на СОУ „Јосиф Јосифовски“- Гевгелија за учебната 2019/2020 година,
9. Предлог-Решение за усвојување на Годишната Програма за работа на СОУ „Јосиф Јосифовски“- Гевгелија за учебната 2020/2021 година,
10. Предлог-Решение за давање согласност за формирање на паралелки со помал број ученици во СОУ „Јосиф Јосифовски“- Гевгелија за учебната 2020/2021 година,
11. Предлог-Решение за усвојување на финансовиот план на СОУ „Јосиф Јосифовски“- Гевгелија за проектот за менаџирање и обука за готварство и угостителство за периодот јуни-декември 2020 година по ставки и подставки на донаторска сметка 7150108249-785-98,
12. Предлог-Решение за усвојување на Годишниот извештај за работа на ЈОУДГ „Детска Радост“- Гевгелија за 2019/2020 година,
13. Предлог-Решение за усвојување на Годишната програма за работа на ЈОУДГ „Детска Радост“- Гевгелија за 2020/2021 година,
14. Предлог-Решение за усвојување на Одлуката за утврдување на распоред на работното време во ЈОУДГ „Детска Радост“- Гевгелија,
15. Предлог-Одлука за давање на управување и користење на фекален колектор со прочистителна станица за отпадни води во с. Моин, општина Гевгелија, на ЈПКД „Комуналец“- Гевгелија,
16. Предлог-Одлука за донесување на конечен Предлог-Урбанистички план вон населено место за локалитетот Негорски бањи, КО Негорци, општина Гевгелија, плански период 2018-2028 година,
17. Предлог-Одлука за донесување техничка исправка за ГП 18, ГП 35, ГП 36, ГП 37, ГП 39, ГП 40, ГП 41, ГП 44, ГП 48, ГП 55, ГП 56, ГП 58, ГП 59, ГП 60, ГП 61, ГП 62, ГП 63 од Детален урбанистички план за дел од Блок 4 (4.4), општина Гевгелија,
18. Предлог-Одлука за утврдување потреба од измена на намената во урбанистичко-планска документација на земјиштето на КП бр. 652 КО Конско (барател: Виктор Петков од Гевгелија),
19. Предлог-Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко-планска документација на земјиштето на КП бр. 350/2 КО Конско (барател: Стојан Караколев од Гевгелија),
20. Предлог-Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко-планска документација за с. Конско (КП бр. 609/3 и дел од КП бр. 610 КО Конско) (барател: Томе Пелев од Гевгелија),
21. Предлог-Одлука за утврдување потреба од измена на намената во урбанистичко-планска документација (ГУП на Гевгелија) на КП бр. 2156 КО Гевгелија (барател: Боне Мишков од Гевгелија),
22. Предлог-Одлука за утврдување потреба од измена на намената во урбанистичко-планска документација (ГУП на Гевгелија) на КП бр. 2156 КО Гевгелија (барател: Александар Јованов од Гевгелија),
23. Предлог-Одлука за утврдување потреба од измена на намената во урбанистичко-планска документација (ГУП на Гевгелија) на КП бр. 2140 КО Гевгелија (барател: Спаска Проданова од Гевгелија),
24. Предлог-Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко-планска документација за с. Серменин (КП бр. 625 КО Серменин) (барател: Герман Шуклев од Гевгелија).