Јавна презентација и јавна анкета за Детален урбанистички план за блок 15.1 и 15.2, општина Гевгелија
Општина Гевгелија организира јавна презентација и јавна анкета
за Детален урбанистички план за општина Гевгелија, со разработка на блок 15.1 и 15.2. Јавната презентација со стручно презентирање на Деталниот урбанистички план за Гевгелија, блок 15.1 и 15.2, ќе се одржи во Големата сала на Народниот театар во Гевгелија, на 15.10.2020 година (четврток), со почеток во 12 часот, согласно мерките за заштита од Корона вирусот. Деталниот урбанистички план ќе биде изложен во просториите на Одделението за урбанизам, градежништво, архитектура и заштита на животната средина на Општина Гевгелија и јавната анкета ќе трае 10 работни дена, односно од 15.10.2020 до 30.10.2020 година, секој работен ден од 08 до 16 часот.
Деталниот урбанистички план за блок 15.1 и 15.2, општина Гевгелија, зафаќа површина од 12,47 ха. Предметниот плански опфат е дефиниран со следните граници: на север границата се движи по северните граници на катастарските парели КП 6353/1, КП 6350, КП 6351, КП 6352/2, КП 6318, продолжува по постојната улица на КП 6552, на исток продолжува по постојната улица на КП 6591, на југ се движи по осовината на улицата „Моински пат“, на запад по осовините на улица „Новопланирана 1“.
Во спомнатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица од конкретното подрачје опфатено со планот можат да доставуваат писмени заблешки, предлози и мислења на анкетните листови кои можат да ги подигнат во Одделението за урбанизам, градежништво, архитектура и заштита на животната средина при Општина Гевгелија или преку информацискиот систем е-урбанизам.