Основниот буџет реализиран со 60%, а најмногу средства потрошени за капитални расходи
Од вкупно проектираниот Буџет на Oпштина Гевгелија за 2020 година на 5
46.886.213 денари, во периодот јануари-септември, годинава, реализирани се вкупно приходи во висина од 319.060.767 денари или 58,34%. Од вкупно реализираните приходи тековно оперативни приходи се 296.156.025 денари, а 22.904.742 денари, се капитални приходи. Од планираните 233.557581 денари во Oсновниот буџет, во периодот јануари-септември се реализирани вкупни приходи од 141.379.469 денари или 60,53%.
Ваквата реализација на буџетските приходи во деветмесечието беше оценета како добра, при што Кварталниот извештај за остварувањето на Oсновниот буџет во периодот јануари-септември, 2020, од мнозинството на членови на Советот на Општина Гевгелија на денешната седница. Притоа, беше нагласено дека најмногу средства од Oсновниот буџет биле наменети за капитални расходи, поточно, 54.749.480 денари или 38,73%. Тоа несомнено зборува дека наспроти пандемијата, општина Гевгелија продолжи со реализација на капиталните инвестиции.
- Сметам дека реализацијата на 60% од Буџетот е висок резултат, тоа значи 20% квартално, и тоа, без ниеден ребаланс што е посебно значајно имајќи ja предвид пандемијата од КOВИД-19 која ги наруши сите текови, истакна градоначалниокот Сашо Поцков. Притоа, појасни дека намалувањето на даночните приходи произлегуваат од данокот на имот. Имено, на почетокот од пандемијата, сметав дека не е паметно да испорачуваме решенија за данок на имот, се со цел да им помогнеме на економските оператори во кризата. Поради тоа, Општинскиот буџет остана покус за 85.000 евра. Со олабавувањето на мерките, некои од економските оператори ги злоупотребија мерките на Општината, со што го зголемија профитирањето, но предизвикаа несакани дејства со непочитување на мерките.
- Во однос на извршувањето на Буџетот и намалениот прилив на пари, карактеристични се неколку ставки, пред се, средствата од аукцијата за продажба на градежно земјиште, средствата од даноците на имот и комунални услуги, кои се испорачаа во шестиот месец (јуни), а се искористаа за плаќање на долговите од капиталните проекти, нагласи Поцков.