Јавна презентација и јавна анкета за измена и дополнување на ДУП за дел од блок 10.2, ОГ, плански период 2020-2025
Oпштина Гевгелија организира јавна презентација
и јавна анкета за измена и дополнување на Детален урбанистички план за дел од блок 10.2, општина Гевгелија, плански период 2020-2025. Јавната презентација со стручно презентирање на измена и дополнување на Детален урбанистички план за дел од блок 10.2, ќе се одржи во Големата сала на Народниот театар во Гевгелија, на 9.11.2020 година (понеделник), со почеток во 12:00 часот, согласно мерките за заштита од Корона вирусот.
Измените и дополнувањата на Деталниот урбанистички план ќе бидат изложени во просториите на Одделението за урбанизам, градежништво, архитектура и заштита на животната средина на Општина Гевгелија и повторената јавната анкета ќе трае 10 работни дена, односно од 9.11.2020 до 23.11.2020 година, секој работен ден од 08 до 16 часот.
Измена и дополнување на Детален урбанистички план за дел од блок 10.2, општина Гевгелија, плански период 2020-2025 зафаќа површина од 2,94 ха. Границата на опфатот е: на запад по осовина на улица „27 Ноември“, на север по осовина на улица „Новопланирана 1“, на исток по осовина на улица „Новопланирана 5“ и на југ по осовина на улица „Новопланирана 8“ и пешачка патека.
Во спомнатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица од конкретното подрачје опфатено со планот можат да доставуваат писмени забeлешки, предлози и мислења на анкетните листови кои можат да ги подигнат во Одделението за урбанизам, градежништво, архитектура и заштита на животната средина при Општина Гевгелија или преку информацискиот систем е-урбанизам.