Дегалегации на општествените чинители положија цвеќе пред Спомен-обележјата во Гевгелија
По повод 7 Ноември, Денот на ослободувањето на Гевгелија,
во 11 часот, пред Спомен-бистите на народните херои, на Споменикот на Сава Михајлов, Спомен-бистите на паднатите борци од Гевгелиско и Спомен-костурницата, цвеќе положија: претседателот на Општинското здружение на борците од НОВ- Ристо Марковски, Градоначалникот и делегации на Советот на Општина Гевгелија, предводени од претседателот Тодор Ристов, како и на политичките партии, oддавајќи им почит на сите борци.
Веднаш потоа, со почеток во 12 часот, се одржa Свечена седница на Советот на Општина Гевгелија, во големата сала на Народниот театар, согласно протоколите за организирање на седници и вакви настани.