Советот на Општина Гевгелија ќе расправа за измените и дополнувањата на Буџетот на ОГ и финансовите планови на образовните институции
Советот на Општина Гевгелија, на 13 ноември, 2020 година,
ќе ја одржи својата 53 седница, на која ќе расправа за измените и дополнувањата на Буџетот на Општина Гевгелија за 2020 година и финансовите планови на образовните институции за 2021 година.
Седницата на Советот ќе се одржи во Големата сала на Народниот театар во Гевгелија, со почеток во 11 часот, со почитување на протоколите за заштита и спречување на ширењето на Корона вирусот, а членовите на Советот ќе работат по следниот дневен ред:
1. Предлог-Измени и дополнувања на Буџетот на Општина Гевгелија за 2020 година,
2. Предлог-Програма за измена и дополнување на Програмата за уредување на градежно земјиште во општина Гевгелија за 2020 година,
3. Предлог-Програма за измена и дополнувања на Програмата за изградба, реконструкција, рехабилитација, одржување и заштита на општински патишта и улици во општина Гевгелија за 2020 година,
4. Предлог-Решение за усвојување на Измените и дополнувањата на финансовиот план за 2020 година на СОУ „Јосиф Јосифовски“- Гевгелија,
5. Предлог-Решение за усвојување на Измените и дополнувањата на финансовиот план за 2020 година на ООУ „Владо Кантарџиев“- Гевгелија,
6. Предлог-Решенија за усвојување на Измените и дополнувањата на финансовиот план за 2020 година на ООУ „Крсте Мисирков“- Гевгелија,
7. Предлог-Решение за усвојување на Измените и дополнувањата на финансовиот план за 2020 година на ООУ „Ристо Шуклев“- Негорци,
8. Предлог-Решенија за усвојување на Измените и дополнувањата на финансовиот план за 2020 година на ООУ „Климент Охридски“- Миравци,
9. Предлог-Решение за усвојување на Измените и дополнувања на финансовиот план за 2020 година на OOMУ „Васо Карајанов“- Гевгелија,
10. Предлог-Решение за усвојување на Измените и дополнувањата на финансовиот план за 2020 година на ЈОУ Библиотека „Гоце Делчев“- Гевгелија,
11. Предлог-Решение за усвојување на Измените и дополнувањата на финансовиот план за 2020 година на ЈОУ работнички универзитет „Кирил и Методија“- Гевгелија,
12. Предлог-Решение за усвојување на Измените и дополнувањата на финансовиот план за 2020 година на ЈОУДГ „Детска радост“- Гевгелија.
13. Предлог-Одлука за одобрување на Планот за програми за развој на Општина Гевгелија за 2021 година,
14. Предлог-Одлука за давање согласност на Измените на Годишниот план за вработување во Општина Гевгелија за 2020 година.
15. Предлог-Одлука за основање на заедничко јавно претпријатие за заловување и третман на бездомни кучиња.