Ситем 48: Најголемиот број од барањата на граѓаните се решени во изминативе 10 месеци
Во периодот од 1 јануари до 31 октомври, 2020 година, преку Систем 48
до Општина Гевгелија биле пријавени вкупнно 217 барања. Најголемиот број од пријавените барања се решени (166), додека преостанатите се проследени за решавање до надлежните служби. Најголемиот број од барањата се однесуваат на решавање проблеми во уличното осветлување (162), од кои 141 се веќе решени.
Отстранувањето на дефектите се врши континуирано од страна на фирмата-изведувач, која постапува, не само според пријавените барања, туку и според увидот на надлежните Oпштински служби за состојбата на уличното осветлување. Подеднакво, во Гевгелија и во другите населени места, бидејќи целата општина е покриена со мрежата на уличното осветлување.
Од пријавените барања, 39 се однесуваат на дејноста на ЈПКД „Комуналец“, пред се на: кастрење на улични дрвја, дефекти на водоводната и канализационата мрежа или други комунални проблеми, од кои 20 веќе се решени, бидејќи службите на ЈПКД „Комуналец“ вршат редовно отстранување на дефектите во водоводната и канализационата мрежа, спроведуваат акции за кастрење на дрвјата, одржување и хортикултурно уредување на јавните површини во градот и населените места.
16 од барањата се однесуваат на проблеми, за кои постапува Општинската инспекција. Од нив, 5 веќе се решени, по 10 барања е поведена постапка за решавање, а едно од барањата е незапочнато поради ненадлежност.