Скромно новогодишно украсување во Гевгелија
Гевгелија за Нова година ќе биде скромно украсена, со поставување
на новогодишна елка во центарот на градот. За разлика од претходните години, кога новогодишна елка имаше и на влезот во градот, а беа украсени булеварот „Гевгелија“ и неколку поголеми улици во градот. Тоа го потврди и градоначалникот на Општина Гевгелија, Сашо Поцков.
- Гевгелија, како град , не заслужува за Нова година да не биде воопшто украсена и да остане, што се вели, во мрак. Затоа решивме, оваа година да направиме поскромно украсување земајќи ја предвид здравствената ситуација со КОВИД- пандемијата. Ако изминатите години се издвојуваа за новогодишното украсување на градот некаде околу 1.000.000 денари, оваа година се решивме за поскромна варијанта, односно од општинскиот буџет ќе издвоиме 230.000 денари. Планирано е да се постави новогодишна елка во центарот на градот, а да биде украсен само околниот простор, за донекаде да се почувствува новогодишниот амбиент.
Заштедените 800.000 денари остануваат во Општинскиот буџет, а ќе бидат ставени на ставката наменета за елементарни непогоди, од каде што дониравме средства за доградба на Дневниот Ковид центар во Гевгелија, како и другите трошоци што ги наметнува пандемијата. Исто така, дел од средствата ќе бидатѕ наменети за капирални расходи, пред се, за реконструкција на одделни улици во градот и во населените места, нагласува Поцков.