Крводарителска акција во хотел-казино „Фламинго“- Гевгелија
Во хотел-казино „Фламинго“ во Гевгелија денес се одржа
крводарителска акција. Педесеттина вработени во оваа компанија се пријавија за дарување на драгоцената течност. Оваа хуманитарна акција е дел од активностите во целата земја на групацијата „Новоматик“, во чиј состав е и гевгелискиот хотел-казино „Фламинго“. Оваа компанија и целата групација, покрај денешната крводарителска акција, својата општествена одговорност ја потврдија со повеќе активности и донации. Пред се, наменети за здравствените установи во општината и во земјата.
По тој повод, градоначалникот на општина Гевгелија, Сашо Поцков, при денешната посета на крводарителите во хотел „Фламинго“, им изрази благодарност за учеството во акцијата и покажаната хуманост во овие тешки времиња, кога здравјето на граѓаните е загрозено. Истовремено, изрази благодарност и до компанијата за нејзината веќе потврдена општествена одговорност, посебно за време на пандемијата од Ковид 19. И тоа, преку директна парична и помош во набавка на медицинска опрема, како за Општата болница во Гевгелија, така и за Министерството за здравство и за државните здравствени установи во државата. Тоа е посебно значајно ако се има предвид дека пандемијата посебна го отежна работењето на казино-туризмот, која дејност ја обавува и хотел-казино „Фламинго“, нагласи Поцков.
Денешната крводарителска акција на вработените во „Фламинго“ беше организирана во соработка со Институтот за трансфузиона медицина од Скопје.