Граѓаните можат да учествуваат во креирањето на Буџетот на Општина Гевгелија за 2021 година
Општина Гевгелија изработи веб-платформа, на коja граѓаните
од градот и населените места имаат можност да учествуваат со своите: идеи, предлози и потреби да учествуваат во креирањето на Буџетот на Општина Гевгелија за 2021 година.
Граѓаните можат да учествуваат во креирањето на Буџетот на Општина Гевгелија за 2021 година со пополнување на анкетниот прашалник на следниов линк: https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSf-btGTHF5WKfWJ1ZYt3XjBWGPEv2Yx4DAQLO_IxeWsAR97IA/viewform?fbclid=IwAR0aMTTZlXUZsZIN2h61Ckpyy7mQu9oSSeL6aFBzLPmEjy4wxRrOJFHEDaY.
- Во тек се активностите за креирање на Буџетот за 2021 година. Уште на последната седница со носење на Развојната програма. Првата недела од декември ќе имаме Нацрт-верзија на Буџетот, а последната недела од декември ќе имаме Предлог-Буџет кој ќе биде ставен на гласање на седница на Совет на Општина Гевгелија. Затоа Општината креираше веб-платформа, на која граѓаните можат да споделат свои мислења, предлози и да учествуваат во креирањето на Буџетот на Општина Гевгелија за 2021 година.
И порано, Буџетот се креираше со учество на граѓаните преку Месните заедници. Поради тоа што Миравци и Негорци немаат Месна заедница, се изработи платформа не само за нив, туку и за граѓаните на Гевгелија да учествуваат во креирањето на Буџетот. Секако, оние што не располагаат со електронски уреди, своите предлози можат да ги достават преку писмена пријава, истакна градоначалникот Поцков.