Уредување на дворната површина на ПУ во Богородица при ООУ „Владо Кантарџиев“- Гевгелија
Во тек е партерно уредување на дворната површина во Подрачното
училиште во Богородица при ООУ „Владо Кантарџиев“- Гевгелија. ЈПКД „Комуналец“- Гевгелија со нивната работна сила и механизација активно се вклучија во расчистувањето на дворната површина на училиштето и нејзино бетонирање.
Директорот на ООУ „Владо Кантарџиев“- Гевгелија, Кети Аврамчева истакна дека она што следи во акцијата за партерното уредување на училиштниот двор во Богородица, е замена на старата ограда со нова:
- За таа цел, набавени се материјали, за кои училиштето издвои сопствени средства. Екипите на ЈПКД „Комуналец“, засега ги поставија темелите за бетонско-армирана ограда училиштето, а градежните работи ќе продолжат во текот на наредните денови се до финиширање на работите. Оваа акција е продолжение на акцијата за уредување на дворната површина и новото оградување на училишното игралиште на ООУ „Владо Кантарџиев“ која заврши во септември, пред почетокот на новата учебна година. Преку ваквите акции ги подобруваме условите за престојот на нашите ученици и пристапот на движење за време на училишните одмори.
Истовремено, Аврамчева изрази благодарност до ЈПКД „Комуналец“ за нивната соработка и пружената поддршка во акцијата.