100.000 денари од Буџетот на Општина Гевгелија за лекувањето на Ѓорги Џонов
На денешната седница, како дополнителна 10 точка од дневниот ред
по иницијатива на градоначалникот на општина Гевгелија, Сашо Поцков, се најде Предлог-Одлуката за донирање на 100.000 денари за фудбалерот на ФК „Кожуф“- Гевгелија, Ѓорги Џонов од Пирава, Валандово. Членовите на Советот едногласно ја поддржаа оваа иницијатива на Поцков, со што ја донесоа Одлуката за издвојување средства од Основниот буџет на Општина Гевгелија, од програмата Градоначалник. Средствата ќе бидат префрлени на жиро-сметката за донации и наменети за делумно подмирување на трошоците за потребното лекување и престој во Турција, за што е потребна сума од 100.000 евра.
29 годишното момче кое ја води битката за усвојување на најголемиот медал- победа на болеста, уште од 12-годишна возраст игра и е максимално посветен на фудбалските терени. Неговите сограѓани и соиграчи го опишуваат како скромно и воспитано момче кое секогаш искажува почит кон луѓето.