Зедничко управување со водите во пограничниот регион
Општина Гевгелија учествуваше на 1 Инфо-ден за
прекугранично управување на веб-платформата Zoom, организиран од општина Халкидона за потребите на проектот AQUA-M – II.
Претставници на партнерите во проектот, како и одговорните кои го спроведуваат управувањето со водите, разменија мислења и знаења во врска со управувањето со водите на прекугранично ниво. Инфо-денот започна со презентација на проектот и неговите активности, а беше проследен со презентација на резултатите од следењето на квалитетот на водата во реката Вардар што се реализира во рамките на проектот, како и презентирање на податоците од релевантно истражување.
Настанот беше заклучен со плодна дискусија за предизвиците со кои се соочува грчката страна и како Северна Македонија може да има корист во нејзините напори за успешно спроведување на Законот за води. Споделувањето на податоци и знаења, како и координативното тело што ќе ги обедини напорите направени од различни актери, беа едногласно признати како клучни чекори на национално и на меѓународно ниво.