Намален бројот на пожари во 2020, за разлика во 2019 година, во општина Гевгелија
Во текот на 2020 година, во општина Гевгелија се евидентирани
вкупно 134 пожари. Од нив, 31 пожари биле на објекти, на отворен простор 64, на сообраќајни средства имало 4, технички интервенции 8 и останати 10 случаи, стои во годишниот извештај на ТППЕ- Гевгелија.
- Оваа година, на подрачјето на општина Гевгелија двојно се намалени несреќите од опожарување, пред се, поради Корона-пандемијата и полициските часови кои беа воведени како рестриктивни мерки на територијата на државата, за разлика во 2019 година кога беа евидентирани 246 пожари, истакна командирот на ТППЕ- Гевгелија, Игор Ризов.
Сите појавени пожари се локализирани, како резултат на брзите интервенции од страна на ТППЕ-Гевгелија. Поради тоа, предизвиканата материјална штета од пожарите за оваа година е минимална