Непречена настава во услови на пандемија
Во текот на првото полугодие од учебната 2020/2021 година,
во општина Гевгелија, во сите 5 основни и едно средно училиште, со вкупно 2704 ученици, реализацијата се одвиваше непречено според утврдениот начин на Министерството за образование и наука, со исклучок на одредени помали технички проблеми кои се решаваа тековно. Во основните училшта, од 2007 ученици наставата со физичко присуство наставата ја следеа 757 ученици од прво до трето одделение, како и ученициите од прво до петто одделение во ООУ „Климент Охридски“ во Миравци и сите 8 подрачни училишта. Додека, преостанатите 1250 ученици наставата ја следеа онлајн, како и 22 ученици во одделeнска настава. Скоро сите ученици располагаат со компјутери за онлајн следење на наставата, а наскоро ќе бидат ообезбедени нови компјутери и за сите наставници. Во СОУ„ЈосифЈосифовски“, скоро сите 697 ученици наставата ја следеа онлајн. Минатата година, за првпат на училишните клупи седнаа и 202 првачиња.
Градоначалникот на општина Гевгелија, Сашо Поцков, еднаш неделно организираше состаници со директорите на гевгелиските училишта, на кои се дискутираше за тековните активности во поглед на реализацијата на наставата за време на пандемијата од КОВИД-19. Одделението за образование при Општина Гевгелија секојдневно беше во комуникација со директорите и стручните соработници во училиштето и ја следеше состојбата за бројот на ученици кои се приклучиле во онлјан-наставата.
Второто полугодие од учебната 2020/2021 година започнува на 21 јануари.