Продолжува акцијата на ЈПКД „Комуналец“ за чистење на сливниците во Гевгелија
По серијата врнежи од дожд во Гевгелија,
во тек е акција на ЈПКД „Комуналец“- Гевгелија за темелно чистење на сливниците. Чистењето на сливниците започна во петокот и тоа на улиците: „Маршал Тито“, „Железничка“ и булевар „Гевгелија“. Во текот на вчерашниот ден, екипите од „Комуналец“ продолжија со работа на „Јосиф Јосифовски“ и пределот околу стара Касарна.
Вчера, за едно деноноќие беше измерена количина од 45 литри наврнат дожд на метар квадратен. Во изминатите три дена, вкупната количина на наврнат дожд изнесуваше 71,2 литри на метар квадратен, според податоците од Метеоролошката станица во Гевгелија.