Подрачното училиште во Богородица при ООУ „Владо Кантарџиев“- Гевгелија со нова ограда
Заврши и оградувањето на Подрачното училиште
во Богородица при ООУ „Владо Кантарџиев“- Гевгелија, по уредувањето на дворната површина. ЈПКД „Комуналец“- Гевгелија како дел од соработката со ООУ „Владо Кантарџиев“- Гевгелија, активно се вклучија во расчистувањето на дворната површина на училиштето и градежните работи за поставувањето на новата ограда. За оваа акција беа набавени материјали, за кои училиштето издвои сопствени средства. ЈПКД „Комуналец“- Гевгелија најави дека она што следи, е обновување на зелената површина на училиштето со зимзелени растенија и сезонско цвеќе.
Акцијата за уредување на дворната површина во ПУ, во Богородица, беше продолжение како дел од градежните работи за уредување на дворната површина и новото оградување на училишното игралиште на ООУ „Владо Кантарџиев“ кои завршија во септември, пред почетокот на новата учебна година.