Во 2020 година, во општина Гевгелија родено 161 дете
Минатата година, во општина Гевгелија имало
161 новороденче. Од вкупниот број новороденчиња, 81 е машко, а 80 се девојчиња. Од нив, 7 се третородени деца, а другите прво и второродени. Согласно Програмата за социјална заштита, Општина Гевгелија на секое семејство за новороденчето, жител на општината, доделува еднократна парична помош за прво, второ и трето дете. Еднократна парична помош за прво и второродено дете изнесува 6.000 денари, а за третородено и секое наредно дете по 12.000 денари.
Во 2020 година, првото новородено дете, жител на општина Гевгелија, беше Василија Камчева, која дојде на свет како второ дете на младиот брачен пар од населеното место Моин, Драгица и Перо Камчеви. Нивната прва рожба, синот Душан, беше прво новородено дете во општина Гевгелија, во 2017 година. Освен еднократната парична помош, градоначалникот на општина Гевгелија, Сашо Поцков, на првото новородено дете во новата година доделува ваучер од 10.000 денари и пригодни подароци. Годинава, првото новороденче во општина Гевгелија е машко, родено како трето дете на брачниот пар Ивана и Томче Чабулеви.