Распишани тендерите за изградба, реконструкција и бетонирање на улици и краци во општина Гевгелија
Општина Гевгелија ги објави јавните повици за
изградба, за реконструкција и за бетонирање на улици и краци. Со тоа, всушност, започнува постапката за реализација на предвидените проекти и активности во Програмата за локални патишта и улици во Општина Гевгеија во 2021 година. Со јавниот повик за изградба на нови улици предвидено е да бидат изградени нови улици во Гевгелија и во населените места со вкупна должина од 2000 метри. Додека за реконструкција на постојните улици предвидена е вкупна површина од 16.700 метри квадратни, а за бетонирање предвидено е бетонирање на помали улици и краци со вкупна површина од 15.250 метри квадратни. Изборот на најповолниот изведувач ќе се иврши по електронското јавно наддавање.
Со распишаните тендери, покрај другото, треба да биде извршено тампонирање и поставувањето на долен строј на двете нови улици во станбената населба „Караорман“. Што се однесува, пак, до реконструкцијата и бетонирањето, со новите тендери ќе бидат опфатени повеќе улици и краци во Гевгелија и во населените места.