Во 2020 година, вложени 38.850.482 денари за патна инфраструктура
Во текот на 2020 година, за патната инфраструктура
во општина Гевгелија се вложени 38.850.482 денари. Најмногу средства - 23.549,876 денари беа вложени за иззградба на нови улици и патишта. Во минатата година, беше извршена целосна реконструкција на улицата „Индустриска“ во Гевгелија во должина од 662.51 метри. Исто така, беа темпонирани улицата „Кожуф“ во Гевгелија, во должина од 451.59 метри и улицата „Борис Трајковски“ во населеното место Мрзенци, во должина од 136.33 метри, потоа, дел од примарна секундарна мрежа за мултинаменски комплекс „Милци“- Гевгелија, како и тековно одржување на улици и општински патишта. Извршена е санација на Mостот и речното корито на Мостот на Сува Река, на влезот во Моин, инвестиција која чинеше 2.037.863 денари.
За реконструкција на улици во општина Гевгелија, во текот на 2020 година, беа вложени 4.648.288 денари, со кои средства се обнови асфалтот на улиците: „7 Ноември“- Гевгелија, паркингот на улицата „Индустриска“, „Вардарска“ во Прдејци, „Илинденска“ во Давидово, пристапен пат до Мостот за Милетково и порамнување на улица во Миравци. За бетонирање беа вложени 5.984.497 денари, и тоа, главно на краци, тротоари и пешачки патеки. Со акцијата за бетонирање беа опфатени улиците: „Гоце Делчев“ и „Бошко Бозаџиев“ во Мрзенци; улицата покрај „Рауљот“, „Ѓорѓи Сугарев“, „Деко Ковачев“, „Серменинска“ во Гевгелија, како и детското игралиште кај новиот пазар и улиците покрај ламелите кај железничката пруга; „Филип Втори Македонски“ и „Улица број 2“ во Богородица. Исто така, беа бетонирани по една улица во Кованец и Петрово, а се санираше и потпорниот ѕид во Миравци.
Со павер-елементи беа уредени улицата „Ѓорги Велков“ и тротоар на улицата „Гоце Делчев“ во Негорци. Во Гевгелија, павер елементи беа поставени на улицата „Кукушка“ и тротоарите на улицата „Миле Пецанов”, тротоари на „Деко Ковачев“ и „Сава Михајлов“, пешачките патеки кои водат до Вардарски Рид и до Динќут. Исто така, уредена е една улица во Богородица и Миравци, а се бетонираа улицата покрај „Рауљот“- „Деко Ковачев“ и „Ванчо Баламов“ во Прдејци.