Нови лед-светилки за поголема заштеда на струја и средства
- Општина Гевгелија постојано се залага за поголема
енергетска ефикасност, поради што и годинава посебно внимание ќе посветиме на уличното осветлување. Но, не само за сервисирање на настанатите дефекти, туку преку една поамбициозна програма да обезбедиме заштеда на енергија. Се разбира, тоа ќе значи и заштеда на средства во Општинскиот буџет наменети за оваа цел, изјави денес градоначалникот на Општина Гевгелија Сашо Поцков.
Притоа, градоначалникот Поцков дека целата акција ќе се одвива во три фази. По веќе завршеното фарбање на сите 12 метарски метални столнови, од влезот до кружниот тек на булеварот „Гевгелија“ и дел од улицата „С.М.Данко“, во тек е замена на светилките во уличното осветлување со штедливи светилки. Имено, сите 250 ватни арматури ќе бидат заменети со нови лед-ламби од по 100 и 150 вати. И тоа, на булевар „Гевгелија“ се до улицата „Миле Пецанов“, на улицата „Маршал Тито“ од од кружниот тек кај поранешна Касарна до железничката станица, од крстосницата на улиците „Железничка“ и „Илинденска“ до улицата „С. М. Данко“ и понатаму на улицата „Радован Ковачевиќ“, улицата „7 Ноември“, од поранешен ЗИК „Винојуг“ до стариот пазар, како и на улицата „Гевгелиски партизански одреди“.
Во третата фаза од акцијата предвидена е замена на светилките со нови лед- арматури од 50 вати на сите канделабри. Поточно, на улиците „Сава Михајлов“ и „Панче Пешев“ до новиот пазар, на улицата „Коле Неделковски“, на дел од улицата „Железничка“. Замена на светилките со лед арматури ќе биде извршено на сите улици во Гевгелија, каде што се поставени канделабри. Покрај ова, редовно се врши и замена на живини 125 ватни со натриумови 70 ватни сијалици.
- Наша првенствена цел, секако, е да го подобриме уличното осветлување со новата технологија, но тоа истовремено ќе ни обезбеди и зашеда на електрична енерија од 70%. Затоа и годинава планирано е за два и пол пати да се зголеми замената на старите со штедливи светилки. Имено, лани беа поставени 100 лед-арматури на булеварот „Гевгелија“, а годинава со акцијата која е во тек, планираме 250 светилки да бидат заменети со лед-арматури. Покрај заштедата на електрична енергија со поставувањето на 350 лед-арматури очекуваме заштеда од 2 милиони денари во Општинскиот буџет, истакна градоначалникот на општина Гевгелија, Сашо Поцков.