Лани помалку пожари
Во текот на 2020 година, бројот на пожарите
на територијата на општините Гевгелија, Богданци и Дојран, на која што територија дејствува ТПП-Гевгелија, значително е намален. Имено, минатата година во регионот се случиле 127 пожари, кои се локализирани што е дури за 112 пожари помалку од претходната година. За подобрување на противпожарната заштита во општина Гевгелија преземени се повеќе активности во ТППЕ-Гевгелија, пред сѐ, за зголемување на ефикасноста и брзината при локализирањето на пожарите. Но, и за превентивно и навремено локализирање на пожарите, континуирана обука на пожарникарите и едукација на населението. Исто така, една од приоритетните активности беше опремувањето на Противпожарната единица.
Инаку, од вкупно регистрираните и локализирани 127 пожари, најмногу пожари - 80 биле на отворен простор, 31 биле на објекти, а 6 на сообраќајните средства. Притоа, била причинета материјална штета во висина од 246.000 денари. Во пожарите имало две повредени лица, а не е забележана ниедна човечка жртва. Од вкупниот број пожари, поголемиот број - 74 се случиле на приватен имот, а 38 на објекти и простор во државна сопственост. Додека пак, 15 пожари се случиле на отворено и објекти во мешовита сопственост. Најчести причини за предизвикување на пожарите биле немарноста (57) и невниманието (30), додека за 39 пожари причината не била утврдена.