Советниците на 60 седница ќе ја разгледуваат Завршната сметка на Буџетот на Општина Гевгелија за 2020 година
Советот на Општина Гевгелија, на 15 март, 2021 година,
ќе ја одржи својата 60 седница. Седницата на Советот ќе се одржи во Салата на хотел „Аполонија“- Гевгелија, со почеток во 12 часот, со почитување на протоколите за заштита и спречување на ширењето на Корона вирусот. На седницата, членовите на Советот ќе работат по следниот дневен ред:
1. Информација за Извештајот за работата на Градоначалникот на општина Гевгелија за 2020 година,
2. Предлог-Заклучок за усвојување на Кварталниот извештај за извршување на Буџетот на општина Гевгелија за периодот 01.01.2020 год. - 31.12.2020 година (кумулативно),
3. Предлог-Завршна сметка на Буџетот на Општина Гевгелија за 2020 година,
4. Предлог-Одлука за зголемување и пренамена на Буџетот на Општина Гевгелија за 2021 година,
5. Предлог-Заклучок за усвојување на Извештајот за реализација на Програмата за уредување на градежното земјиште во општина Гевгелија за 2020 година,
6. Предлог-Заклучок за усвојување на Извештајот за реализација на Програмата за изградба, реконструкција, одржување и заштита на општинските улици и патишта во општина Гевгелија за 2020 година,
7. Предлог-Заклучок за усвојување на Извештајот за реализација на Програмата за финансирање на спортските активности во општина Гевгелија за 2020 година,
8. Предлог-Заклучок за усвојување на Извештајот за реализација на Програмата за финансирање на програми и проекти од областа на културата во општина Гевгелија за 2020 година,
9. Предлог-Заклучок за усвојување на Извештајот за реализација на Програмата за финансирање на НВО секторот во општина Гевгелија за 2020 година,
10. Предлог-Заклучок за усвојување на Извештајот за реализација на Програмата за поддршка на Месните заедници во општина Гевгелија за 2020 година,
11. Предлог-Заклучок за усвојување на Извештајот за реализација на Програмата за дезинфекција, дезинсекција и дератизација во општина Гевгелија за 2020 година,
12. Предлог-План за упис на ученици во I година средно образование во СОУ „Јосиф Јосифовски“- Гевгелија, во 2021/2022 година,
13. Предлог-Решение за усвојување на Финансов план на СОУ „Јосиф Јосифовски“- Гевгелија по ставки и поставки (блок дотации за периодот јануари-декември 2021 година за сметка 7150108249 903 13),
14. Предлог-Решение за усвојување на Годишната сметка за 2020 година на СОУ „Јосиф Јосифовски“- Гевгелија,
15. Предлог-Решение за усвојување на Годишната сметка за 2020 година на ООУ „Крсте Мисирков“ - Гевгелија,
16. Предлог-Решение за усвојување на Годишната сметка за 2020 година на ООУ „Владо Кантарџиев“ - Гевгелија,
17. Предлог-Решение за усвојување на Годишната сметка за 2020 година на ООУ „Климент Охридски“ - Миравци,
18. Предлог-Решение за усвојување на Годишната сметка за 2020 година на ООУ „Ристо Шуклев“- Негорци,
19. Предлог-Решение за усвојување на Годишната сметка за 2020 година на ООМУ „Васо Карајанов“- Гевгелија,
20. Предлог-Решение за усвојување на Годишната сметка за 2020 година на ЈОУ Дом на култура „Македонија“ - Гевгелија,
21. Предлог-Решение за усвојување на Годишната сметка за 2020 година на ЈОУ Пионерски дом „Јосип Броз-Тито“ - Гевгелија,
22. Предлог-Решение за усвојување на Годишната сметка за 2020 година на ЈОУ Работнички универзитет „Кирил и Методија“ - Гевгелија,
23. Предлог-Решение за усвојување на Годишната сметка за 2020 година на ЈОУ Детска градинка „Детска радост“- Гевгелија,
24. Предлог-Решение за усвојување на Годишната сметка за 2020 година на ЈОУ Библиотека „Гоце Делчев“ - Гевгелија,
25. Предлог-Решение за давање согласност на Финансискиот извештај на ЈПКД „Комуналец“- Гевгелија за периодот 01.01.2020 - 31.12.2020 година, со посебен осврт на периодот 01.10.2020 г. - 31.12.2020 година,
26. Предлог-Решение за давање согласност на Годишната сметка на ЈПКД „Комуналец“- Гевгелија за 2020 година.
27. Предлог-Решение за давање согласност на Извештајот за работењето на ЈПКД „Комуналец“- Гевгелија за 2020 година,
28. Предлог-Одлука за отпочнување со работа и вршење на дејноста на објектот во с. Прдејци, во состав на ЈОУДГ „Детска радост“- Гевгелија.
Пред 60 седница, Советот на Општина Гевгелија ќе ја одржи својата 59 седница, со почеток во 11 часот, во Салата на хотел „Аполонија“- Гевгелија. На седницата, членовите на Советот ќе работат по следниот дневен ред:
1. Информација за активности во врска со пробното производство на инсталацијата за складирање и третман на отпад (пластика) на компанијата Г&O ВАСТЕ СОЛУТИОН ДООЕЛ Скопје, во подружница на улица „Индустриска“ во Гевгелија,
2. Информација во врска со барањето на советниците од Независната листа за поставување и отстранување на хоризонтална и вертикална сигнализација на локалните и регионалните патишта во општина Гевгелија.