Воведена Здравствено-социјална струка во СОУ „Јосиф Јосифовски“- Гевгелија
Според Планот за упис во I година
средно образование за 2021/2022 година, усвоен на 60 седница на Совет на Општина Гевгелија, во СОУ „Јосиф Јосифовски“- Гевгелија е предвидено да се запишат вкупно 340 ученици, распоредени во 10 паралелки. Слободни места за ученици кои ќе се запишат гимназиско образование се 136, додека стручно образование 204 ученика. Во гимназиско образование 136 ученика ќе бидат распоредени во 4 паралелки, а во стручно 240 ученика, во 6 паралелки.
И, тоа: 1 паралелка со 34 ученика во Угостителско-туристичка струка, профил Хотело-туристички техничар; 1 паралелка со 34 ученика во Угостителско-туристичка струка, профил Келнер и готвач; 1 паралелка со 34 ученика во Економско правна и трговска струка, профил Економски техничар; 1 паралелка со 34 ученика во струката Здравство и социјална заштита, профил Гинеколошко-акушерска сестра и физиотерапевти и две паралелки со по 34 ученика во Машинската струка, профили Машински техничар за моторни возила и Автомеханичар- заварувач.
Новина е тоа што за првпат, од оваа година, се воведува струката Здравство и социјална заштита со образовни профили: гинеколошко-акушерска сестра и физиотерапевт (комбинирана паралелка), за која беше доставено барање до Министерството за образование и наука за отворање нова струка во Средното општинско училиште), согласно барањата на пазарот на трудот и потребата да се менува структурниот профил.
Во насока на подобрување на средното стручно образование, преку концептот „Учење преку работа“, за Машинската струка и Угостителско-туристичката струка, СОУ „Јосиф Јосифовски“ воспостави соработка со институции и фирми од општина Гевгелија, каде учениците ќе ги развиваат и унапредуваат знаењата преку пракса.