Дивата депонија во Мрзенци се уредува во парк
Дивата депонија крај патот Гевгелија-Негорци,
наспроти влезот во Мрзенци, ќе биде уредена во простор за одмор и рекреација. Изведбените работи за расчистување на депонијата веќе започнаа, а ги изведуваат екипите на ЈПКД „Комуналец“. Ваквата иницијатива на Општина Гевгелија е во рамките на Програмата за јавна чистота и заштита на животната средина и заложбите за зголемување и уредување на јавните површини во зелени поврпини. Пред се, за заштита на животната средина, но и за уредување на простори за спорт и рекреација на граѓаните.
Така, на просторот каде што се фрлаше на див комунален отпад, веднаш под мостот над Мрзенска Река, ќе се изврши хортикултурно уредување. Но, и поставување на урбана опрема за одмор на граѓаните и минувачите на овој простор. На овој начин се обезбедуваат, во исто време, заштита на животната средина, но и катче за одмор на граѓаните, вели градоначалникот на Општина Гевгелија, Сашо Поцков. Притоа, најавува дека наскоро ќе продолжи и акцијата за доопремување на постојните јавни површини и паркови со нови детски играчки и отворање на нови детски паркови. По окончувањето на јавната набавка за детски играчки, акцијата ќе продолжи во Гевгелија и во сите населени места.