Бетониран крак од улицата „Деко Ковачев“- Гевгелија
Завршија градежните работи за бетонирање
на крак од улицата „Деко Ковачев“- Гевгелија. Откако овој крак беше нивелиран и тампониран, градежната фирма „Мансард“, со која Општина Гевгелија склучи договор за бетонирање на улици и краци во општината по спроведената тендерска постапка, го бетонираше кракот во должина од околу 100 метри. Овој зафат се реализираше согласно Програмата за изградба, реконструкција и одржувањена локалните улици и патишта во општина Гевгелија, за 2021 година, со средства во Буџетот на Општина Гевгелија.
Градоначалникот на општина Гевгелија, Сашо Поцков, истакна дека со овој зафат жителите кои живеат околу, добиваат уреден пристапен пат, ставен во функција на нивните потреби за нов лик на маалото и олеснето движење.
Минатата година, преку Оперативниот план за бетонирање и уредување на помали улици и краци, значително се подобри патната инфраструктура во маалата на улица „Деко Ковачев“- Гевгелија. Со павер-елементи беше уреден еден крак и бетонирани два крака. Исто така, беше уреден тротоарот кој ги поврзува „Деко Ковачев“ и „Сава Михајлов“ со нови бетонски ивичњаци и бекатон-плочки.