Општина Гевгелија ја проширува соработката за унапредување на родовата еднаквост
Oпштина Гевгелија ќе биде дел од проектот
„Промоција на родово одговорни политики и буџети: кон транспарентно, инклузивно и одговорно управување во Република Северна Македонија“, кој го споведува UN Women- Тело на ОН за родова еднаквост и зајакнување на жените. Локалната самоуправа влегува во проектот како една од 10 општини со кои се проширува можноста за соработка и поддршка за родово одговорно буџетирање. Главна цел на проектот е да се подобри животот на жените и мажите, како и на најранливите групи преку систематска и одржлива интеграција на родовата перспектива во сите фази на креирање политики и буџетирање.
Канцеларијата на UN Women обезбедува техничка и експертска поддршка на 21 општина за зајакнување на капацитетите на администрацијата и советниците преку нивната вклученост во континуираната програма за обука и менторство. Програмата има за цел да придонесе кон имплементација на заложбите во општината за унапредувањето на родовата еднаквост.