Првото ларвицидно третирање против комарци ќе се изврши на 20 април
Oд наредната недела започнува
овогодинешното третирање против комарци во Општина Гевгелија. На 20 април, 2021 година (вторник), ќе биде извршено првото ларвицидно прскање на подрачјето на општина Гевгелија, на утврдените жаришта од страна на Општина Гевгелија, во периодот од 09:00 до 16:00 часот. За таа цел, се известуваат сопствениците на пчелни семејства да преземаат соодветни мерки за заштита, односно да ги затворат истите во најавениот временски период.
И оваа година, како и минатата, третирањето против комарците ќе биде во рамките на Југоисточниот плански регион, со одлука истото да биде по земјен пат. Односно, ќе бидат извршени две ларвицидни дезинсекции и три адултни третирања против комарци (теристички аеросолни дезинсекциии против возрасни комарци со УЛВ метода) на подрачјата на десетте општини. Согласно, препораките од Центрите за јавно здравје за навремено прскање против комарци и следењето на препорачаните интервали, годинава, третирањето и прскањето започнува порано, со цел да се зголеми ефикасноста, да се добие најдобар резултат од овој процес и да се заштити здравјето на граѓаните од овој регион.