Бетонирани крак од улица „Белградска“ и тротоарот на улица „Ѓорѓи Стамнов“
Продолжува акцијата за бетонирање помали улици
и краци во Гевгелија и населените места. Градежната фирма „Мансард“ која годинава го доби тендерот за бетонирање на помали улици и краци во Општина Гевгелија, изминативе денови работеше на уредување тротоарот на улица „Ѓорѓи Стамнов“, веднаш спроти споредниот влез на Општата болница со проширена дејност- Гевгелија. Исто така, паралелно се работеше и на крак од улицата „Белградска“, на пристапниот пат позади Детската градинка „Детска радост“- Гевгелија.
Согласно Програмата на Општина Гевгелија за бетонирање помали улици и краци за 2021 година, значително се подобрува патната инфаструктура и се обезбедуваат услови за урбанизација, односно нов лик на локалните улици и олеснето одвивање на сообраќајот.
„Мансард“, деновиве, ќе работи во кругот на Општата болница со проширена дејност- Гевгелија, така што ќе отвораат нови патеки и пристапни патишта кои ќе го олеснат движењето на сообраќајот на болничките возила и транспортот на пациентите.