Велигденска акција на Општина Гевгелија за делење табла јајца на лица од социјално-ранливите категории
Од денеска, започнa акцијата за делење
по табла јајца на лица од социјално-ранливите категории. Традиционално, секоја година, во пресрет на големиот христијански празник Велигден, лицата од социјално-ранливите категории добиваат по една табла јајца од Општина Гевгелија.
Распределбата ја вршат Општинските мобилни екипи, а ќе поделат околу 100-тина табли јајца на исто толку социјално-загрозени категории на луѓе во Гевгелија и во населените места. Односно, на лица кои се корисници на мерката гарантирана минимална помош и неработоспособни лица (по список добиен од Меѓуопштинскиот центар за социјални работи- Гевгелија).