Упис на првачиња во учебната 2021/22
Врз основа на член 60 од Законот за основно образование
(„Сл. весник на РСМ“ бр. 161/2019 и 229/2020), основното образование е задолжително за сите деца од шест до петнаесет години, трае девет години и се организира во три периоди.
Уписот е задолжителен за децата кои до крајот на декември 2021 година ќе наполнат 6 (шест) години, односно задолжително за сите деца родени во текот на 2015 година и за оние кои сакаат за деца родени во текот на јануари, 2016 година. Уписот ќе се врши до 1 до 31 мај, 2021 година, во основните училишта во општината, со целосно почитување на реонизацијата на училиштата и живеалиштето на децата.
Родителите се должни при уписот да достават извод од матичната книга на родените за детето, потврди за примените задолжителни вакцини за детето, за извршен офталмолошки и извршен стоматолошки преглед, издадени од надлежна здравствена установа.
Заради запазување на мерките за спречување на ширење на пандемија, родителите задолжително закажуваат термин за прием на документите и интервју со детето во основните училишта на следниве телефонски броеви:
- ООУ „Крсте Мисирков“- Гевгелија 078/447-373;
- ООУ „Владо Кантарџиев“- Гевгелија 070/518-041;
- ООУ „Климент Охридски“- Миравци 071/367-717;
- ООУ „Ристо Шуклев“- Негорци 075/260-839.
Доколку родителот има интерес, пријавата и документите потребни за упис на детето во прво одделение може да ги поднесе и во електронска форма на uslugi.gov.mk, по што ќе биде закажано интервју со детето.