На продажба 11 градежни парцели- државно земјиште во Гевгелија
Oпштина Гевгелија објави продажба
на градежни парцели во сопственост на РСМ, од кои 10 за домување во станбени куќи и 1 за домување во станбени згради. Од 10-те градежни парцели за домување во станбени куќи, 5 парцели се наоѓаат на м.в. „Моински пат“, на површина од 292 до 424 метри квадратни, а останатите 5 се наоѓаат на м.в. „Караорман“, на површина од 319 до 537 метри квадратни. Градежната парцела наменета за домување во станбени згради се наоѓа на м.в. „Моински пат“, на површина од 1454 метри квадратни. Почетната цена по метар квадратен за парцелите за домување во станбени куќи изнесува 61,00 денар, а за парцелата за домување во станбени згради - 2.570 денари.
Продажбата на градежните парцели ќе се одвива по пат на електронско јавно наддавање. Заинтересираните правни и физички лица пријавите за учество на јавното наддавање треба да ги достават по електронски пат на следната интернет-страница: www.gradezno-zemjiste.mk и тоа за: градежните парцели за домување во станбени куќи до 18.05.2021 година и за градежната парцела за домување во станбени згради до 31.05.2021 година.
Јавното наддавање за градежните парцели за домувањето во станбени куќи ќе се оддржи електронски на следната интернет-страна www.gradezno-zemjiste.mk, на 20 мај, 2021 година, почнувајќи од 09:00 до 13 и 30 часот, по 15 мин. за секоја градежна парцела.
Јавното наддавање за градежната парцела за домување во станбени згради ќе се одржи по електронски пат, на истата интернет-страница, на 2 јуни, 2021 година, со почеток во 09:00 ч.
Повеќе информации за целата постапка можат да се најдат на следниот линк: