Генералка викенд во општина Гевгелија
Општина Гевгелија ќе биде дел од
првата еко-акција „Генерелка викенд- За чисто како дома исто“ во организација на Мен енд Маунтен, продукциска компанија за емитување и медиуми. Еко-акцијата ќе се одржи на 8 мај, 2021 година (сабота), со почеток во 09:30 часот. На акцијата можат да учествуваат граѓани од општина Гевгелија, училиштата, невладините организации, спортски клубови и сл.
Инаку, „Генералка викенд“ се спроведува во соработка со ПАКОМАК, Министерството за животна средина, Министерството за земјоделиe и шумарство, а проектот е поддржан е и од Делегацијата на Европската Унија.
Како што истакнаа од МАМ, ова е прв проект во кој ќе бидат вклучени сите граѓани со надминување на бариерите во однос на припадност на партија, се со цел за постигнување повисока цел, а таа цел е реобнова на земјата со отстранување на отпадот од минатото и создавање еколошки одржлива иднина.
- Успеавме да воспоставиме основа на која се надминуваат сите партиски бариери, етнички, религиски и каде сите луѓе ќе учествуваат подеднакво бидејќи тие сфаќаат дека сме само луѓе и дека на сите ни треба чист воздух, чиста и пивка вода, безбедна средина.
- Започнавме со грст мотивирани луѓе во сите делови на земјата: Велес, Штип, Охрид, Крушево, Демир Капија, Дебар, Куманово, Крива Паланка, Струмица, Гевгелија… кои се обединија во волјата да се постигне ново сфаќање и разбирање дека местото во кое живеат, е нивната животна средина: улицата пред нивната куќа, паркот низ кој поминуваат секој ден, полињата покрај кои возат секој ден и на кои расте жито од кое подоцна тие јадат леб, реките над кои поминуваат и од кои пијат вода… и дека треба да ги чуваат чисти и да се грижат за нив. Секој од нас е одговорен за нив. Не само политичарите, партиите, религиите… туку секој човек кој живее во земјава има одговорност да ја одржува чиста, безбедна, да ја почитува, а со тоа да ги почитува илјадниците генерации кои живееле на ова тло во здрава средина, која ја загадуваме и уништивме во изминативе 50 години. Наша е одговорноста еколошки да ја обновиме земјава што ја загадуваме.