Олабавени рестриктивните мерки против КОВИД-19
Владата на Република Северна Македонија
на вчерашната 68-ма седница донесе одлука која од денеска (5 мај, среда) забраната за движење со цел заштита од КОВИД-19 наместо од 21:00 часот, ќе започнува од 23:00 часот и ќе трае до 05:00 часот наредниот ден. Мерката започнува да важи од 5 мај и ќе трае до 15 мај.
Соодветно на овие измени, угостителските објекти ќе бидат отворени за гости до 22:30 часот и тоа само на отворените делови, тераси, на угостителските објекти, како што е утврдено со постојните мерки и наменски протоколи.
Исклучок од забраната и посебниот режим на движење се вечерните часови меѓу 12 и 13 мај за време на верскиот празник Рамазан бајрам.
Согласно препораките на Комисијата, останува забраната за работа на сите вежбални, фитнес клубови, спортски центри и сали наменети за вежбање на затворен простор, а дејноста може да ја обавуваат на отворен простор согласно соодветниот наменски протокол.