Размена на искуства за урбаното земјоделство и пејзажните вредности МК-ГР
Активностите на проектот
„Одржливо управување со прекуграничните водни ресурси“ (AQUA - II), во кој учествуваат Oпштина Гевгелија и ЈПКД „Комуналец“, ќе бидат презентирани на Меѓународната онлајн-работилницата „Добри практики и размена на искуства во делот на урбано земјоделство и пејзажни вредности“, во организација на Community Enterprise од Солун.
Поканата за учеството на онлајн-работилницата е резултат на реализираната добра соработка со партнерите од Република Грција за време на имплементација на проектот. Со ова учество на Општина Гевгелија на онлјан-работилницата се проширува и унапредува соработката помеѓу Република Северна Македонија и Република Грција.
Претходно, по повод Светскиот ден на водите, Фондацијата за локален развој и развој на информатички технологии - Гевгелија ја објави брошурата „Водата, пестицидите и нивната правилна употреба“ која беше изработена во рамки на истиот проект, во имплементација на Општина Гевгелија и ЈПКД „Комуналец“, а во партнерство со Универзитетот „Аристотел“ од Солун- Катедра за хемија, како и комуналните претпријатија од Пеонија и Халкидона.